• недела, 26 јануари 2025

Ѓорѓиевски, Ганиу и Дудуш на работна средба во Шуто Оризари

Ѓорѓиевски, Ганиу и Дудуш на работна средба во Шуто Оризари

Скопје, 26 јануари 2025 (МИА) - Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со градоначалниците на општините Чаир и Шуто Оризари, Висар Ганиу и Курто Дудуш беше во посета на Шуто Оризари, на која се дискутирало за заедничките потреби на Чаир и Шуто Оризари, како и за подготовката на проектите за претстојниот втор повик од Владата за обезбедување на средства за инфраструктурни проекти.

Како што соопштија од Општина Кисела Вода, Ѓорѓиевски се сретна и со претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ од оваа Општина, Ерџан Демир. 

-Денеска заедно со колегата градоначалник на Општина Чаир, Висар Ганиу, бевме во посета на Шуто Оризари. Бевме да ги слушнеме проблемите на граѓаните, се сретнавме со нив и разговаравме за она што им е најпотребно. Како претседател на ЗЕЛС бев запознаен со проблемите на Шуто Оризари и нејзините граѓани, но и дадов поддршка за ефикасна подготовка на проекти од општината со цел целосно и ефикасно користење на средствата од Владата за инфраструктурни проекти, рече Ѓорѓиевски.

Тој дополни дека една од темите е и дека на Чаир и Шутка им е потребно да се направи ново поврзување со што значително би се растеретил и олеснил сообраќајот, а потребно е и проширување на булеварот „Џон Кенеди”.

Како што напомена, во Шуто Оризари, потребен е и нов културен центар, каде што Градот би помогнал со издвојување на средства од програмата за култура за кој веќе има одредена локација, довршување на партерното уредување на спортстката сала како и уште многу проекти кои, со поддршка новата градска администрација ќе бидат реалност.

-Луѓето од левата страна на Скопје имаат сериозни проблеми и предизвици. Во мене тие секогаш ќе најдат поддршка и подготвеност за помош. Скопје повторно ќе биде горд град, изјави Ѓорѓиевски. бт/aa/

Фото: Општина Кисела Вода

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан