• понеделник, 13 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Ѓорче Петров ЖРК и ЖРК Чаир финалисти во женскиот ракометен Куп на Македонија

Ѓорче Петров ЖРК и ЖРК Чаир финалисти во женскиот ракометен Куп на Македонија

 

Радовиш, 30 мај 2025 (МИА) – Ракометарките на Ѓорче Петров ЖРК и ЖРК Чаир ќе играат во утрешното финале во Купот на Македонија, откако двете екипи вечерва успешно ги минаа полуфиналните пречки.

Во првото полуфинале, Ѓорче Петров ЖРК очекувано лесно го совлада ЖРК Вардар со 39-18.

Многу понеизвесен ракометен донесе втората полуфинална пресметка во која ракометарките на Чаир со пресврт во второто полувреме триумфираа над ЖРК Металург Автокоманда со 22-20.

Саботното финале во салата „25. Мај“ во Радовиш е со почеток во 16 часот.

Титулата во ракометниот Куп на Македонија во женска конкуренција ја брани Ѓорче Петров ЖРК. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан