• понеделник, 23 декември 2024

Ѓорческа со победа го стартуваше ИТФ фјучрсот во Анталија

Ѓорческа со победа го стартуваше ИТФ фјучрсот во Анталија

Анталија, 6 февруари 2024 (МИА) - Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа победа во првото коло на ИТФ фјучрсот во Анталија, Турција. Таа денес ја совлада Маделиеф Хагеман од Холандијасо 2-0, во двата сета со по 6:2.

Ѓорческа е рангирана како трета носителка на турнирот.

Веќе утре, Македонката ќе настапи и во конкуренција на двојки заедно со Ева Ведерер од Холандија, а противнички им се јапонската двојка Козаки-Аикава.

Ѓорческа и Ведерер се рангирани како втори носителки. зс/

 

Остани поврзан