• сабота, 06 декември 2025

Ѓорческа сигурно до четвртфиналето на турнирот во Куршумлијска Бања

Ѓорческа сигурно до четвртфиналето на турнирот во Куршумлијска Бања

Куршумлијска Бања, 7.август 2025 (МИА) - Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во четвртфиналето на ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања, Србија. Таа во мечот од второто коло ја победи Виторија Паганети од Италија со 2:0 во сетови (6:3, 6:4). Мечот траеше 100 минути игра. 

По водството од 1:0 за Ѓорческа во првиот сет Паганети направи серија од 3-0 за водство од 3:1 во гемови, но Ѓорческа возврати со пет освоени гемови во низа и го доби првиот сет со 6:3 што значеше и водство од 1-0 во сетови. Во вториот сет македонската тенисерка постојано беше во предност, водеше со 2:0 и со 5:2 во гемови, а ја искористи првата меч топка во десеттиот гем за 6:4 во вториот сет и конечни 2-0.

Утре противничка во четвртфиналето ќе и биде Ксенија Зајцева која настапуваше и во квалификациите, а Ѓорческа има една победа во единствениот досега одигран меч.

Фото: МТФ

Остани поврзан