Ѓорческа поразена од првата носителка на фјучерсот во Словачка
- Најдобрата македонска тенисерка не успеа денеска да ја мине првата пречка на фјучерсот во словачкиот град Трнава, откако загуби во воведното коло од првата носителка Осеан Додин од Франција со 2-1 во сетови.
Трнава, 20 ноември 2024 (МИА) – Најдобрата македонска тенисерка не успеа денеска да ја мине првата пречка на фјучерсот во словачкиот град Трнава, откако загуби во воведното коло од првата носителка Осеан Додин од Франција со 2-1 во сетови.
Ѓорческа на турнирот кој се игра за награден фонд од 40.000 долари претрпе елиминација по голема битка со француската тенисерка (7-5, 0-6, 6-2), во дуел кој траеше 109 минути.
Мала утеха за Ѓорческа е што против Додин, рангирана на 115 место на ВТА листата, имаше освоен еден поен повеќе, 82-81, при ист број на гемови, 13-13.
Следната недела Ѓорческа ја очекува фјучерс во Италија кој ќе се игра во Селва Гардена. ег
ФОТО: МИА