Ѓорческа и Стоилковска елиминирани на стартот на фјучерсот во Грузија
- Македонските тенисерки Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска денеска имаа настап на ИТФ фјучерс турнирот W50 во грузискиот град Лопота, но и двете се елиминирани во првото коло.
Лопота, 7 мај 2025 (МИА) – Македонските тенисерки Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска денеска имаа настап на ИТФ фјучерс турнирот W50 во грузискиот град Лопота, но и двете се елиминирани во првото коло.
Поради повреда Ѓорческа дуелот против Дарија Комуцианскаја од Белорусија го предаде во третиот сет при резултат 1-1 во сетови и 4:1 во гемови во решавачкиот сет. Мечот до прекинот траеше 103 минути.
Стоилковска за противничка ја имаше седмата носителка Чагла Бујукакчај од Турција и загуби со 2-0 во сетови (1-6, 4-6) во дуел што траеше 103 минути. ег
ФОТО: МТФ