Ѓорчев: Македонија се консолидира и чекор по чекор оди напред
- СООПШТЕНИЕ - Добар ден на сите, поздрав од Богданци од југоисточна Македонија, каде што денес бевме меѓу граѓаните и на пазар и на зелениот пазар, од кафич до кафич, навистина приемот меѓу луѓето, меѓу народот е одличен.

Скопје, 13 јули 2025
Добар ден на сите, поздрав од Богданци од југоисточна Македонија, каде што денес бевме меѓу граѓаните и на пазар и на зелениот пазар, од кафич до кафич, навистина приемот меѓу луѓето, меѓу народот е одличен.
Тоа е дека Македонија застанува на нозе, дека Македонија се консолидира, дека ги санираме работите и чекор по чекор Македонија оди напред.
Тука во овој дел од Македонија имаме голем голем напредок во инфраструктурата, значи потегот од Гевгелија до Богданци имаме нов реконструиран пат, асвалт, цела сообраќајна опрема што навистина е добро за сите граѓани и за повеќе општини во овој дел од југоисточна Македонија.
Имаме раст на пензиите, фокусираност на земјоделието, фокусираност на образованието. Така што Македонија застанува на нозе, Македонија оди напред. Да дадеме полна поддршка на владините политики. Значи, едноставно позитивна порака, порака исто така и со Марјан Пеев да му дадеме силна поддршка за градоначалник на Богданци, за да Владата на Македонија застане зад општина Богданци, да имаме поголем број на проекти којшто исто така ќе бидат имплементирани и преку делот на европските прашања, европските проекти.
Значи, ја имаме тука и Викторија Трајков, заменик министер како еден гест од Владата дека имаме фокусираност на општина Богданци.
Уште еднаш се најубаво, поздрав, одиме заедно!
Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=XoEhngT6Wzc
https://www.swisstransfer.com/d/fe05c97c-865a-42f7-acd3-879b93894dec
Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
______________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки