• вторник, 24 декември 2024

Ѓороски: Македонските бодибилдери покажаа квалитет на Балканското првенство во Србија

Ѓороски: Македонските бодибилдери покажаа квалитет на Балканското првенство во Србија
Скопје, 14 април 2022 (МИА) - Бобан Ѓороски, претседател на Бодибилдинг и фитнес федерација на Македонија е задоволен од настапот на македонските бодибилдери на Балканското првенство во Србија. -Тринаесет медали донесоа македонските бодибилдерите од 31. Балканско првенство одржано минатиот викенд во Србија. Нашите шампиони продолжија да нижат успеси. Со вкупно десет златни и три сребрени медали, заедно со едно петто место покажавме колку сме квалитетни. За најголеми резултати потребна е огромна поддршка, а компанијата „Mozzart“ веќе извесно време и помага на националната федерација. Се трудиме преку одлични настапи да ја оправдаме нивната доверба, истакна Бобан Ѓороски, претседател на Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија. Веќе следниот викенд (од 15 до 17 април) во Скопје македонските бодибилдери ги очекува настап на меѓународниот турнир „IFBB Herkules Grand Prix“. - Македонските репрезентативци не навикнаа на одлични резултати, од секое натпреварување носат медали. „Mozzart“ веќе долга низа години поддржува многу клубови и федерации, а особено ни е драго што сме дел од ова шампионско семејство. Веруваме дека и во наредниот период овие сјајни професионалци ќе и донесат многу радости на нацијата“, изјави Мики Златески, менаџер за корпоративни процеси во „Mozzart“. зс/

Остани поврзан