• сабота, 23 ноември 2024

Ѓоргиевска и Корнхаузер-Дуда разговараа за можностите за помош на украински државјани

Ѓоргиевска и Корнхаузер-Дуда разговараа за можностите за помош на украински државјани
Скопје 24 март 2022 (МИА) - Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, денеска оствари видео разговор со првата дама на Полска, Агата Корнхаузер-Дуда, на кој се разговараше за можностите за соработка и меѓусебна поддршка во помошта која им се дава на украинските државјани кои ја напуштаат Украина поради воената агресија од страна на Русија. Од Кабинетот на претседателот на државата известуваат дека разменети се информации за актуелностите во Украина и ангажманот од различните институции од двете земји во приемот и прифатот на украинските државјани. Ѓоргиевска ја поздрави заложбата на Корнхаузер-Дуда во контекст на иницијативите кои ги презема, додавајќи дека секоја активност со која се помага да се алармира светската јавност за сериозноста на состојбата во која се наоѓаат украинските граѓани и апелите за помош, потребно е да се поддржи. Таа исто така ја информираше првата дама на Полска дека Министерството за здравство е подготвено за прием и прифат на онколошки пациенти, украински државјани кои моментално се во Полска, а се деца на возраст до 18 години, за кои може да се понуди третман и лечење во нашите капацитети на јавното здравство. На крајот на разговорот, Ѓоргиевска изрази благодарност до Корнхаузер-Дуда за преземените инцијативи за помош на ранливите категории украински граѓани и изрази надеж дека комуникацијата и соработката ќе продолжат, стои во соопштението.сх/лв/

Остани поврзан