• четврток, 30 јануари 2025

Ѓоковиќ ќе го пропушти првото коло од Дејвис купот

Ѓоковиќ ќе го пропушти првото коло од Дејвис купот

Белград, 28 јануари 2025 (МИА) - Поранешниот светски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ нема да игра во првото коло од Дејвис купот, објави прес-службата на турнирот на социјалните мрежи.

Претходно Ѓоковиќ поради повреда го предаде полуфиналниот меч на Австралија опен против второрангираниот светски Германец Александар Зверев. 

Поради оваа повреда Ѓоковиќ ќе го пропушти натпреварот на српската репрезентација против Данска во првото коло од квалификацискиот турнир кој ќе се одигра од 31 јануари до 2 февруари.

Триесет и седумгодишниот Ѓоковиќ го држи рекордот за најмногу Грен слем титули – 24. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан