• понеделник, 23 декември 2024

Ѓоковиќ: Синер за неколку седмици ќе биде светски рекет број еден

Ѓоковиќ: Синер за неколку седмици ќе биде светски рекет број еден

Белград, 9 април 2024 (МИА) - Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го сподели своето мислење за иднината на Италијанецот Јаник Синер, кој е на второто место на АТП-листата. Ѓоковиќ е прв светски рекет.

- Фактот дека тој ќе стане првиот рекет на светот е прашање на неколку недели. Пласманот не е моја цел, оваа година не планирам да играм многу турнири и да размислувам за бодови, изјави Ѓоковиќ за „La Repubblica“.

Тој додаде дека негов приоритет во моментов е да одигра најдобро од Грен слемот „Ролан Гарос“ до УС Опен, опфаќајќи ги Вимблдон и Олимпијадата.

Ѓоковиќ претходно изјави дека Синер е најдобриот играч на светот оваа година.

Во моментов и двајцата тенисери учествуваат на турнирот во Монте Карло кој се одржува од 7 до 14 април. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан