• понеделник, 23 декември 2024

Ѓоковиќ одговори на критиките за „Адрија тур“

Ѓоковиќ одговори на критиките за „Адрија тур“
Белград, 18 јуни 2020 (МИА) - Освојувачот на 17 Гренд слем титули и светски рекет број 1, Новак Ѓоковиќ одговори на критиките од Западот против одржувањето на добротворниот турнир „Адрија Тур“. Првото издание на настанот се случи минатиот викенд во Белград, а сега се појавува втората серија во хрватскиот град Задар. - Тешко е да се објасни на некои луѓе дека ситуацијата во Србија и околните земји е многу различна. Од првиот ден, организацијата на „Адрија Тур“ е спроведена според сите владини регулативи и преземени се неопходни мерки на претпазливост. Никогаш не сме ги прекршиле правилата, стрпливо чекавме да паднат ограничувањата. Јас сум многу среќен затоа што за толку кратко време го организиравме овој настан, што е многу добро не само за тенисот, туку и за спортот воопшто. Обично, потребни се шест месеци за вакви настани, а ние успеавме да го сториме само за еден, прокоментира Ѓоковиќ за„ Евроспорт “.

Тагови

Остани поврзан