• среда, 27 ноември 2024

Ѓоковиќ: Не сум сигурен дали ќе можам да играм во четвртфиналето

Ѓоковиќ: Не сум сигурен дали ќе можам да играм во четвртфиналето

 

Париз, 4 мај 2024 (МИА) – Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, кој по уште еден маратонски натпревар, се пласираше вчера меѓу осумте најдобри на Ролан Гарос, изјави оти не е сигурен дали неговото тело ќе може да издржи нов напор и дали ќе се појави на теренот во утрешното четвртфинале.

По маратонска битка против Италијанецот Лоренцо Мусати во минатото коло и победата која ја извојува во 3 часот наутро, Ѓоковиќ вчера по четири и пол часа игра го совлада Аргентинецот Франциско Серундоло со 3-2 во сетови.

Противник на Ѓоковиќ во четвртфиналето в среда ќе биде Норвежанецот Каспер Руд, кој синоќа беше поуспешен од Тејлор Фриц со 3-1.

„Изминатите неколку недели чувствувам непријатност во десното колено, но немаше проблем до денешниот меч во вториот сет кога се лизнав и почувствував болка. Побарав помош од докторот, тоа ме вознемири во играта. Не бев сигурен дали да продолжам, побарав лекови, но беше потребно 30-45 минути за да делуваат, па го поминав петтиот сет без болка. Во вторник ќе имаме нов преглед, добро е што имаме ден за одмор, а не знам што ќе биде и дали ќе бидам на теренот“, изјави Ѓоковиќ на синоќешната прес – конференција. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан