Ѓоковиќ загуби од 42. рекет на светот во четвртфиналето на турнирот во Виена
- Првиот светски рекет, Србинот Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето на турнирот во Виена загуби од Италијанецот Лоренцо Сонего со резултат 2:6, 1:6.

Виена, 30 октомври 2020 (МИА) - Првиот светски рекет, Србинот Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето на турнирот во Виена загуби од Италијанецот Лоренцо Сонего со резултат 2:6, 1:6.
Средбата траеше 1 час и 10 минути. Ѓоковиќ направи три аса и направи три двојни грешки.
Во полуфиналето Сонего ќе се соочи со победникот од двојката Грегор Димитров (Бугарија) - Даниел Еванс (Велика Британија).
Наградниот фонд на турнирот во австрискиот главен град изнесува 1,4 милиони евра. зс/