Ѓоковиќ го победи Легечка во Јунајтед купот
- Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Чехот Јиржи Легечка во натпреварот од Јунајтед купот со резултат 6:1, 6:7 (3:7), 6:1.
Перт, 2 јануари 2024 (МИА) - Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Чехот Јиржи Легечка во натпреварот од Јунајтед купот со резултат 6:1, 6:7 (3:7), 6:1.
Во мечот што траеше 2 часа и 18 минути. Триесет и шестгодишниот Србин сервира три асови, направи две двојни грешки и освои шест брејк топки од 11 шанси.
По овој натпревар резултатот во серијата Чешка - Србија е 1:1.
Следниот натпревар репрезентациите ќе го одиграат во мешани двојки. зс/
Фото: ЕПА