• петок, 05 декември 2025

Ѓоковиќ го освои 100. трофеј во кариерата

Ѓоковиќ го освои 100. трофеј во кариерата

Женева, 24 мај 2025 (МИА) - Србинот Новак Ѓоковиќ го победи Полјакот Хуберт Хуркач во денешното финале на турнирот во Женева со 2:1, по сетови 5:7, 7:6 (7:2) и 7:6 (7:2). 

Мечот траеше 3 часа и 8 минути.

Ѓоковиќ ја освои својата 100-та АТП титула во кариерата. Вкупно, тој има 143 финалиња.

Триесет и осумгодишниот Србин стана третиот тенисер во Отворената ера со 100 победи во финалињата на АТП турнирите. Тој има 24 Грен слем титули, седум титули на АТП финалињата, 40 титули на Мастерс турнирите, 15 титули на АТП 500, 13 титули на АТП 250 и златен олимписки медал.

Ѓоковиќ им се придружи на Роџер Федерер (103) и Џими Конорс (109). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан