• вторник, 24 декември 2024

Ѓедовиќ и Сијарто потпишаа Меморандум за разбирање за изградба на нафтоводот Унгарија - Србија

Ѓедовиќ и Сијарто потпишаа Меморандум за разбирање за изградба на нафтоводот Унгарија - Србија

Белград, 20 јуни 2023 (МИА) – Српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ и шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто во рамки на првата седница на Стратешкиот совет за соработка помеѓу двете земји потпиша Меморандум за разбирање за изградба на нафтоводот Унгарија – Србија.

- Србија во моментот се снабдува со сурова нафта само преку Хрватска, а за поголема сигурност потребно е, како и за гасот, да имаме диверзификација на извора и на рути за снабдување. Со изградбата на нов нафтовод кон Унгарија ќе обезбедиме посигурно снабдување на домашните рафинерии, а со тоа и на домашниот пазар, посочи Ѓедовиќ.

Планирано е новиот нафтовод да минува по трасата Сзазаломбата-Алѓе-Роске-Нови Сад, со вкупна должина од 304 километри, со потенцијално проширување до Солун и Драч. Изградбата на нафтоводот Србија-Унгарија со капацитет од 5,5 милиони тони годишно е 157 милиони евра за српскиот дел.

Меморандумот предвидува пред почетокот на реализацијата на проектот да биде потпишан Договорот за изградба на нафтоводот Унгарија – Република Србија меѓу компаниите АД Транснафта и МОЛ Групацијата како носители на реализацијата на проектот, со што подетално ќе се утврдат техничко-технолошките карактеристики и временската рамка на имплементацијата, како и се дефинираат меѓусебните и индивидуалните обврски на учесниците во проектот. ми/

фото: Министерство за рударство и енергетика на Србија

Остани поврзан