„Шаоми“ ја претстави новата серија паметни телефони
- Се покажа дека професионалната камера може да се воведе и во секојдневна употреба, така што за добра фотографија е потребен само паметен телефон.

Барселона, 30 април 2024 (МИА) - Со новата серија паметни телефони „Шаоми 14“, кинескиот технолошки гигант ги помести границите на фотографијата, велат познавачите. Се покажа дека професионалната камера може да се воведе и во секојдневна употреба, така што за добра фотографија е потребен само современ паметен телефон.
„Шаоми“ ја претстави 14-та серија паметни телефони на саемот во Барселона. Уредот работи на „Хајпер-ОС“ (HyperOS) со основите на „Aндроид 14“, а со помош на моќниот „Квалком снепдрагон 8 ген 3“ чип.
На задната страна има четири камери со квалитетот на 50 мегапиксели. Ултра-широката камера покрива 122 степени и благодарение на тоа и другите професионално-фотографски одлики, сликите ќе имаат одличен квалитет. си/
Фото: МИА архива