• вторник, 24 декември 2024

Шумски пожар кај месноста Петлец над беровско Русиново

Шумски пожар кај месноста Петлец над беровско Русиново
Берово, 1 мај 2021 (МИА) - Нов шумски пожар избувнал денеска попладне во Малешевијата. Гори мешана шума од боров насад и папрат кај месноста Петлец над село Русиново. Дојавата за пожарот е примена околу 17:00 часот, а како што информираше Сашко Руменовски, командир на Територијалната противпожарна единица, екипи на единицата, се уште се на терен во обид да го намалат интензитетот на огнената стихија.
-Се работи за шумски пожар, за кој имавме дојава во 16:59 часот. По дојавата наша екипа се упати на месноста Петлец со тим од тројца пожарникари и едно теренско возило. Во гаснењето поради непристапниот терен се користени и „напртњачи“. Остануваме на терен се до целосно ставање под контрола на пожарот, истакна Руменовски кој додаде дека пожарот е пријавен во беровската полиција.
Апелираше на совесно однесување во природа и избегнување на палење запалливи предмети за време на празниците, бидејки штетите по шумското богатство се далекусежни.
Ова е втор пожар за два дена во беровско. Во текот на вчерашниот ден изгоре млад боров насад во близина на комплексот Аурора. вс/лв/

Остани поврзан