• петок, 08 ноември 2024

Шумер: Бајден ќе додели две милијарди долари на Њујорк

Шумер: Бајден ќе додели две милијарди долари на Њујорк
Њујорк, 15 јануари 2021 (МИА) - Преодниот тим на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден се обврза на Њујорк му додели околу две милијарди долари за надомест на трошоците на државните и градските власти поради Ковид-19, изјави сенаторот Чак Шумер. Тој набрзо ќе биде мнозински лидер во Сенатот и се залага за зголемување на средствата откако гувернерот на државата Њујорк, Ендру Куомо и градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, соопштија дека пандемијата предизвикала финансиски проблеми. Финансиската помош за Њујорк следи по речиси едногодишна борба во Конгресот со републиканците кои одбиваа да одобрат државна помош за државните и локалните влади. Шумер наведе дека Бајден ќе биде фокусиран на економското заздравување на САД. ми/

Остани поврзан