• сабота, 27 јули 2024

Шукри: Израелската воена операција во Рафа создава сериозни безбедносни ризици

Шукри: Израелската воена операција во Рафа создава сериозни безбедносни ризици

Каиро, 13 мај 2024 (МИА) -  Шефот на египетската дипломатија, Самех Шукри, денеска телефонски му соопштил на американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека актуелната израелска воена операција во Појасот Газа, а особено во пограничниот град Рафа, создава  „сериозни безбедносни ризици“, јавија британските медиуми.

Шукри во телефонскиот разговор со Блинкен ја истакнал и потребата од обновување на испораката на хуманитарна помош за Појасот Газа.

Двајцата разговараа и за израелското заземање на граничниот премин Рафа од палестинска страна, се додава во соопштението на египетското Министерство за надворешни работи.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан