• сабота, 23 ноември 2024

Штркови среде снег во февруари во Тиквешко

Штркови среде снег во февруари во Тиквешко
Росоман, 18 февруари 2021 (МИА) - Во Тиквешко, во полето кај росоманското село Манастирец, долетаа штркови, иако оваа појава среде снег во февруари не е вообичана. Од Здружението за заштита на природата „Аквила” сметаат дека можеби штрковите воопшто не мигрирале. -Ова е нешто што првпат го видовме сега. Не само што е рано, туку е и надвор од памет сега да се видат штркови. Или воопшто не мигрирале кон потоплите краишта како порано или немам објаснување како дошле толку рано, вели за МИА претседателот на Здружението за заштита на природата, ,,Аквила” од Кавадарци, Емануел Лисичанец. Во селото Манастирец од порано има неколку гнезда со штркови на кои им се радуваат и мештаните, но и оние кои поминуваат оттаму. свд/мч/

Остани поврзан