• недела, 24 ноември 2024

Штип ќе бира нов оператор за третман на бездомните животни

Штип ќе бира нов оператор за третман на бездомните животни
Штип, 4 април 2022 (МИА) - Општина Штип проблемот со куќињата скитници ќе го решава со нов оператор. По реакција на граѓаните за глутница кучиња низ централното градско подрачје, но и низ населбите, се презема распишување на нов тендер. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека досега не можеле да го распишат тендерот, бидејќи имало промена во правилникот, кој како документ треба да помине и на седница на Советот на Општина Штип. Тоше Ѓеорѓиев, вработен во Општина Штип информира дека поради ова временскиот период за избор на нов оператор е продолжен, но од општината истакнаа дека во рок од 30 дена истиот ќе биде избран и бездомните кучиња хумано ќе се третираат. -Согласно донесувањето на новиот правилник кој се донесе 2021 година и со кој се измени претходниот правилник од 2019 година по кој беше претходната програма за кучињата, со новиот правилник и со тоа што Општина Штип веќе не поседува прифатилиште моравме да донесеме нова програма на Советот на Општина Штип за контрола на популацијата за бездомни кучиња. Програмата е донесена на Совет и е доставена до АХВ за усвојување. Добивме известување дека програмата е усвоена и истата согласно насоките од Агенцијата ќе биде доставена до одделението за Јавни набавки за распишување на тендерска постапка, изјави Ѓеорѓиев. Штип отвори стационар за бездомните животни, но поради немање на услови за нивен хумант третман е затворен, а за што реагираа и граѓанските активисти и бараа подобри услови за третман на бездомните кучиња.вдј/свс/

Остани поврзан