• четврток, 17 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Штипјанка пријавила обид за измама за сообраќајка

Штипјанка пријавила обид за измама за сообраќајка

Штип, 4 април 2025 (МИА) – Шеесет и пет годишна штипјанка вчера во Полициската станица во Штип пријавила обид за измама за изнуда на пари за сообраќајна несреќа во која нејзината ќерка прегазила мигрант.

Во соопштението од СВР-Штип се вели дека вчера во 17.30 часот во ПСОН Штип, 65-годишна жена од Штип пријавила дека околу 15 часот телефонски и се јавило лице, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила мигрант и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати 40.000 евра.

Но, како што се наведува во соопштението штипјанката се посомневала во вистинитоста на кажаното и дошла во ПСОН Штип и го пријавила настанот. вдј/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан