• вторник, 07 јануари 2025

Штипјанецот Трајковски 17 години по ред донираше намирници за Бадник и Божиќ

Штипјанецот Трајковски 17 години по ред донираше намирници за Бадник и Божиќ

Штип, 6 јануари 2025 (МИА) – Штипјанецот Александар Трајковски денеска во просториите на Општинската организација на Црвен крст-Штип донираше пакети со храна за бадниковата трпеза и божиќниот ручек на семејства од социјален ризик. Трајковски веќе 17 години по ред донира на семејства кои не можат да си дозволат бадникова вечер и божиќен ручек.

Тој по смртта на неговата сопруга одлучил секоја година додека е жив и е во можност да донира пакети со храна, со цел ранливите категории семесјтва да можат достоинствено да ги пречекаат празниците

-Поводот беше, на 28 декември кога почина мојата сопруга. И јас одлучив за Бадник да донирам пакети. Соберат се луѓето, да имаат да си подготват трпеза, вели Трајковски.

Пакетите со  донации се сосотојат од намиирници кои се доволни за да се подготви една скромна бадникова вечера и божиќен ручек. Шест штипски семесјтва добија донации како и годините претходно.

Секретарот на ОО Црвен крст-Штип, Деспина Димитрова  упати апел до сите хумани граѓани кои се во можност да донираат.

-Традиционално 17 година по ред нашиот хуман сограѓанин овозможуува достоинствена празнична трпеза за шест штипски семејства. Донацијата се состои од намирници за подготовка на бадниковата трпеза и божиќниот ручек. Ова нека биде уште еден позитивен пример за сите наши останати хумани граѓани, изјави Димитрова.

Семејствата кои денеска ги добија пакетите за Бадник и Божиќ изразија благодарност на хуманиот гест на штипјанецот Трајковски, кој досега оваа традиција ја нема прекинато. вдј/фф/

Фото: МИА

Остани поврзан