• четврток, 26 декември 2024

Штипско Ново Село ќе добие спортско-рекреативен центар

Штипско Ново Село ќе добие спортско-рекреативен центар
Штип, 8 февруари 2022 (МИА) - Старата штипска населба Ново Село за десетина дена ќе добие спортско-рекреативен центар. Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов денеска изврши увид во градежните работи. На просторот под црквата Свети Спас ќе има ново игралиште со поставени спортски реквизити, потоа детско игралиште, парк, простор во кој слободното време ќе може да го минуваат  од најмалите до повозрасните. -Тоа што го реализиравме во изминатите неколку денови сакам да го споделам со јавноста, а се однесува на поставување нови кошеви, голови во спортското и детско игралиште во овој дел од градот. Поставивме детски реквизити со што го збогативме веќе постоечкото игралиште и содржина, поставивме бекатон плочи на еден дел од овој парк. Она што го планираме во наредните неколку денови е да ја подигнеме постоечката заштитна ограда на игралиштето. Веќе сме во тендерска постапка за поставување нова подлога на самото игралиште, со нови рефлектори и комплетно осветлување, вели  Јорданов. Тој најави дека  за неколку месеци треба да бидат реконструирани и други детски игралишта, а екипите на штипски „Стипион“ ќе работат и на детско игралиште во населба Железничка. -Започнуваме официјално со овој дел од градот, следно ќе биде уредување на игралиштето во населбите Железничка и Баби. Јас се надевам дека во наредниот период сите игралишта ќе бидат обновени, вели Јорданов.вдј/мд/

Остани поврзан