• вторник, 24 декември 2024

Штипското училиште „Димитар Влахов“ доби нова фасада

Штипското училиште „Димитар Влахов“ доби нова фасада
Штип, 15 јануари 2020 (МИА) - Во штипското основно училиште „Димитар Влахов“ се инвестираат околу 2. 200.000 денари, средства обезбедени од страна на општината. Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски денеска изврши увид во работните активности во основното училиште „Димитар Влахов“ во населбата Сенак. Во ова училиште се работеше на целосно нова фасада, нови смарт табли и реконструкција на постоечките тоалети. -Се наоѓаме во училиштето „Димитар Влахов“ каде што се работи на нова фасада, нови тоалети и училиштето доби нови смарт табли. Инвестицијата чини околу 2,2 милиони денари. Задоволен сум заради тоа што вакви инвестиции како што има во последните две години немало со децении, вели Бочварски. Раководството на училиштето најави дека дека во тековната 2020 година се планирани активности од типот на уредување на училишниот двор, промена на кровот и подот во спортската сала, нови столчиња и клупи за потребите на учениците. вдј/ир

Остани поврзан