• среда, 25 декември 2024

Штипското медицинско училиште одбележа 67-годишен јубилеј

Штипското медицинско училиште одбележа 67-годишен јубилеј

Штип, 19 април 2024 (МИА) - Средното медицинското училиште „Јане Сандански“-Штип денеска прослави 67 години од постоењето. По повод патрониот празник во училиштето се одржа манифестација, приредена од учениците и професорите од училиштето.

Директорката на Средното општинско училиште (СОУ) „Јане Сандански“ Марија Николиќ вели дека до ден денес има напредок во сите полиња, а  прв пат е воведено и дуални паралелки.

-Денес ја прославуваме 67-годишнината од постоењето на нашето училиште „Јане Сандански“- Штип, едно од првите медицински училишта на ниво на нашата држава. Овој ден се сеќаваме на минатото, ја славиме сегашноста и правиме планови за иднината. Како средно медицинско училиште до ден денес направивме напредок во сите полиња, го следиме трендот во образованиот процес, сите знаеме прв пат воведовме дуални паралелки. Со истите овозможуваме да го задоволиме пазарот на трудот, изјави Николиќ.

Таа упати голема благодарност до сите ученици и професори, кои го вложуваат најдоброто и придонесуваат училиштето да биде најдобро, како што е и сега. Затоа што тие денес се сеќаваат на минатото, ја прославуваат денешницата и кројат планови за иднината.

-Денес би сакала да се заблагодарам пред се на учениците, наставниците, на нашите бизнис партнери кои што за цело време се со нас и заеднички ги правиме плановите за нашата иднина. Очекувам уште долги години средното медициснко училиште да биде примат и пример како треба да опстојува и да работи едно училиште, додава Николиќ. вдј/мд/

Фото: МИА 

Остани поврзан