• четврток, 15 јануари 2026

Штипски „Стипион“ го дигитализира зонското паркирање

Штипски „Стипион“ го дигитализира зонското паркирање

Штип, 29 декември 2025 (МИА) – Штипското Јавно претпријатие „Стипион“ во новата 2026 година го дигитализира зонското паркирање. Директорот на ЈП „Стипион“, Панче Стефановски денеска изјави дека со помош на автоматизација и дигитализација ќе се постигне поголема функционалност во паркирањето во централното градско подрачје. Тој најави дека ќе има три зони, од кои Х зоната останува и понатаму хуманитарна, додека зоните А и Б ќе бидат поделени на шест реони, со кои ќе се ограничи зонското паркирање. Граѓаните ќе имаат можност да купуваат реонски карти или универзална карта со кои ќе може да ги користат услугите за паркирање во Штип. Се ова треба да почне да функционира од Нова Година.

 -Со последните измени зонското паркирање е дополнето. Сега имаме зона А, Б и Х. Првите две зони се поделени на пет односно шест реони, со кои ќе се ограничи зонското паркирање, а со цел да се олесни движењето на возилата и да се нормализира паркирањњето во градот. Реонизацијата е успешна пракса која се применува во сите густо населени општини во нашата држава. Граѓаните ќе имаат можност со набавка на реонски карти да паркираат согласно своите потреби, рече Стефановски.

Тој додаде дека  дополнително ќе се набават две еколошлки возила кои ќе бидат со камери и во движење ќе испраќаат информации за сите паркирани возила во градот. На таков начин во вистинско време ќе се знае дали возилата кои се паркирани имаат платено за услугата или не.

-Отпочната е и процедура за набавка на две нови еколошки возила на кои ќе бидат поставени камери и во движење ќе се отчитуваат регистарските таблички на паркираните возилата и ќе испраќаат податоци во реално време на специјален софтвер, кои ќе алармира дали возилата имаат или немаат наплата. Кај возилата кои не платиле за паркирање ќе биде издадени доплатен билет, за возилата кои се непрописно паркирање ќе се поставува блокатор или ќе бидат отстранети, изјави Стефановски.

На платформите на река Отиња и затворените паркинзи ќе бидат поставени околу 50 видео камери, како дополнителна фаза од „паметен град“ со цел да се регулира паркирањето во реално време и поголема безбедност на возилата кои се паркираат. вдј/сст/

Фото: МИА 

Остани поврзан