• недела, 01 февруари 2026

Штипски „Стипион“ годинава ќе набавува нови возила

Штипски „Стипион“ годинава ќе набавува нови возила

Штип, 28 јануари 2026 (МИА) - Развоен и амбициозен е финансискиот План за 2026 година на штипското Јавно претпријатие (ЈП) „Стипион“. Директорот на ЈП „Стипион“, Панче Стефановски денеска изјави дека поголем обем на работа се очекува оваа година. Тој посочи дека се планирани дополнителни приходи за уредување и одржување на улици и патишта, јавен превоз и паркирање. 

-Моја заложба и тенденција е секоја година да имаме зголемен обем на работа во поголемиот број на дејности. Сега за сега успешно го реализираме планираното и ги постигнуваме зацртаните цели, па затоа и оваа година се планирани дополнителни приходи во дејноста уредување и одржување на улици и патишта, јавен превоз и во дејноста јавно паркирање-изјави Стефановски.

 Стефановски вели дека потребно е и ново вработување на работно место раководител на Одделение за платени паркинзи, бидејќи со новата одлука за користење на просторот за јавно паркирање потребна е поголема координација и поефикасна контрола на работењето. Тој најави и дека дополнително ќе се работи на набавка на нови возила за паркинзи, јавен превоз како и зимска служба. 

-На расходната страна планирани се зголемен број на вработувања во ЈП „Стипион“-Штип со цел зајакнување на човечкиот капитал, планирано е набавка на две возила во дејноста паркинзи, едно возило во дејноста јавен превоз. Во соработка со Центарот за развој на Источно Планскиот Регион (ИПР) имаме план да набавиме едно возило за извршување на зимската служба, вели Стефановски. вдј/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан