• сабота, 28 декември 2024

Штипски „Исар“ покажа загуба од над четири милиони денари

Штипски „Исар“ покажа загуба од над четири милиони денари

Штип, 29 август 2024 (МИА) - Штипското комунално претпријатие „Исар“ во првите шест месеци од годинава покажа загуба од над четири милиони денари, изјави денеска директорот Александар Арсовски.

Тој посочи дека финасиската загуба се должи што од почетокот на годината, до крајот на јуни, имале наплата на рати од кредит и тоа по четири милиони денари месечно, а лани овие рати изнесувале по 1,5 милиони денари. Дополнително, претпријатието исплатило и К-15 на вработените, јубилејни награди и бонус плата.

- Финансискиот извештај на ЈП „Исар“ во периодот од 1 јануари 2024 до 30 јуни 2024 година, покажува загуба од 4.810.503 денари. Истата таа загуба се должи на исплатата на камата за кредитот која е 4 милиони денари месечно, континуирана исплата на регрес за годишен одмор во износ од 14.140.000 денари, како и зголемен трошок по однос на јубилејни награди и бонус плати на вработените, рече Арсовски.

Тој додаде дека со исплатата на регресот за годишен одмор, редовни плати и бонус плати, се намалува процентот на судски трошоци, што изминатите години пристигнувале на адреса на ЈП „Исар“.  

- Со потпишувањео на спогодбите, за скоро 71 отсто се намалени трошоците по однос на судски трошоци, нагласи Арсовски.

Последните анализи покажале и дека е зголемена свеста кај граѓаните и поредовно за разлика од претходните години се плаќаат сметките за вода. вдј/бд/

Фото: МИА

Остани поврзан