• сабота, 16 ноември 2024

Штипски „Исар“ до 2026 година ќе го врати заемот, подигнат пред две децении

Штипски „Исар“ до 2026 година ќе го врати заемот, подигнат пред две децении
Штип, 12 август 2022 (МИА) - Штипското комунално претпријатие „Исар“ кредитот кој го има земено пред 20 години ќе ги исплати во 2026 година, истакна на денешната прес-конференција директорот, Трајче Здравков. Направил анализа, која покажува дека  парите од кредитот се подигнати во 2002 година со одобрение и потпис од тогашниот градоначалник Димитар Ефремов. Кредитот имал грејс период од три години што значи од 2005 година требало да започне неговото исплаќање. Кредитот е подигнат за реконструкција на водоводната и канализациона мрежа, и со парите како покапитални проекти се реконструкција и обнова на дел од зградата на претпријатието и набавка на нови камиони. -Повлечени се средства во износ од 163.839 000 денари во периодот од 2002 до 2006 година. Грејс периодот за враќање на кредитот е до 2005 година. Од тогаш се сменија шест директори на ЈП Исар и исто толку градоначалници, а динамиката на враќање е следана. Во 2005 година доспеани обврски за плаќање се 24 милиони денари, вратени се само 72 илјади денари. 2006 година се доспеани нови 20 милиони денари, вратени се 8 милиони и 800 илјади денари и заостанат долг имаме од 11 милиони и 400 илјади денари. Во 2007 – 2008 година доспеале нови 43 милиони денари, вратени се 11 милиони и заостануваат 32 милиони денари, вели  Здравков. Во периодот кој следи односно од 2010 до 2014 година, посочува, е исплатено најмногу од долгот за кредит на ЈП Исар. -Од 2010 до 2014 година тогашниот директор имал најголема доспеана обврска од 67,5 милиони денари и во тој период е вратен целиот доспеан износ, а платени се и дополнителни 8,3 милиони денари. Од 2014 до 2017 година се доспеани 23 милиони денари и таа обврска во целост е исплатена, а во средината на 2016 платени се уште 8 милиони денари. Во 2018 година веќе вкупниот долг под главница е 69 милиони денари и во период од три години не е исплатена ниту една доспеана обврска, рече Здравков. Појасни дека во  минатото рата за долгот на шест месеци била 7 до 8 милиони денари, сега за истиот период се потребни 22 милиони денари. Јавното претпријатие Исар има обврска да плаќа по 3,7 милиони денари рата само за кредитот месечно, а до сега се исплатени околу 25 милиони денари. Договорот за кредитот е целосно да биде подмирен до 2026 година. вдј/вј/

Остани поврзан