Штипските училишта и родители мора да ја почитуваат реонизацијата за запишување на првачињата
- Родителите кои годинава ќе ги запишат своите деца во прво одделение во штипските училишта мора да ја почитуваат реонизацијата, односно нивните деца мора да се запишат во училиштето, кое според адресата на живеење на родителите е во одредениот реон.

Штип, 29 април 2025 (МИА) – Родителите кои годинава ќе ги запишат своите деца во прво одделение во штипските училишта мора да ја почитуваат реонизацијата, односно нивните деца мора да се запишат во училиштето, кое според адресата на живеење на родителите е во одредениот реон.
Снежана Санева раководител на Сектор за образование, јавни дејности и ЛЕР во Општина Штип денеска за медиумите изјави дека согласно законските измени од пред некој месец годинава, има точно наведени услови под кои може да се прекрши реонизацијата. Во спротивно родителите мора да ги запишаат учесниците во училиштетото во реонот во кој припаѓаат. Нема можност да се менува училиште како праксите од претходните години.
-Со измените во законот за основно образование од јануари 2025 година веќе таа опција за родителите не е дозволена и реонизацијата мора да се почитува. Има точно наведени услови под кои може да се прекрши реонизацијата. Тоа е детето да има според член 63, детето треба да има наод и мислење доколку има посебни образовани потреби и доколку во училиштетото има подобри услови за настава отколку во училиштето во кое припаѓа, вели Санева.
Таа истакна дека уписот на првачиња започнува од мај и согласно податоците од СВР Штип, има околу 470 дечиња кои треба да се запишат во прво одделение.Но праксата од претходните години зборува дека оваа бројка е секогаш помала, од разни причини.
-Годинава се очекува да бидат формирани 21 паралелка во петте основни училишта во Штип. Инаку вкупниот број на дечиња родени 2019, 2020 година до месец јануари е 470, изјави Санева. вдј/дма/
Фото: МИА