• среда, 27 ноември 2024

Штипските пожарникари кои беа во Турција ќе добијат и по една просечна македонска плата

Штипските пожарникари кои беа во Турција ќе добијат и по една просечна македонска плата

Штип, 15 февруари 2023 (МИА) - Петмината штипски пожарникари-спасувачи, кои учествуваа во спасувачката мисија во Турција по катастрофалниот земјотрес ќе добијат дополбително по една просечна плата, а воедно откако ќе пристигнат во Штип ќе имаат и прием во кабинетот на градоначалникот, Иван Јорданов. Тој денеска истакна дека пожарникарите веќе се на пат кон Штип и  очекува да пристигнат најдоцна оваа вечер.

-Во текот на вчерашниот ден искомунициравме со тимот на пожарникари од општина Штип којшто замина во Турција. Тие веќе се тргнати, се на пат да се вратат во Штип. Како што напоменав, како на наши сограѓани, им ја должиме целата почит, затоа веднаш по нивното пристигнување ќе организираме еден прием во кабинетот за да се заблагодарам за целиот приоднес, за целата пожртвуваност којашто ја дадоа во име на сите наши сограѓани. Она што можам да го кажам е дека најмалку што можеме да направиме е да им се заблагодариме со еден скромен надоместок, со една дополнителна просечна плата, за хуманоста, пожртвуваноста која ја покажаа на дело, вели Јорданов.

Општина Штип донираше и  финансиски средства, воедно и испрати и тим од пет пожарникари, кои во Адијаман пристигнаа на 10 февруари. Нивната акција заврши вчеравечер, кога работеа на објект од кој, за жал, сѐ уште се извлекуваа само мртви луѓе. вдј/сст/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан