• среда, 25 декември 2024

Штипските детски градинки обезбедени со енергенси за претстојната грејна сезона

Штипските детски градинки обезбедени со енергенси за претстојната грејна сезона
Штип, 3 октомври 2022 (МИА) - Објектите низ населбите на градинките „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“ во Штип се обезбедени со енергенси за претстојната грејна сезона. Двете директорки на градинките, Наталија Мусева на „Астибо“ и Иван Ангеличкова на „Вера Циривири-Трена“ велат дека  нема потреба од страв и паника. -Со оглед на фактот дека се наоѓаме во енергетска криза ние – детските градинки се надеваме дека кај нас нема да има проблем со затоплувањето и дека грејната сезона ќе ја почнеме со полни резервоари, бидејќи имаме склучено договори со економски оператор којшто е должен да постапи согласно со договорот и нашите потреби. Една од нашите градинки ја загреваме со пелети, а останатите три објекта се загреваат со екстра лесно масло за домаќинство. Станува збор за 30 занимални во коишто се згрижени нашите дечиња, вели Ангеличкова. Мусева потенцира дека ќе штедат, но децата нема да трпат и ќе биде топло во занималните. -Енергетската криза секако ќе ја почувствува и ДГ „Астибо“, меѓутоа добро се менаџира снабдувањето со енергенси. Со оглед на фактот дека се работи за деца, освен парното греење, ние имаме и дополнителни грејни тела коишто помагаат температурата да се прилагоди согласно со пропишаното. Ќе се штеди, но децата нема да трпат. Градинките во никој случај нема да се затворат, тоа не се случи ниту во време на ковид – кризата, вели  Мусева. Градинките не плаќаат индустриска струја, туку по тарифи исто како и домаќинствата. Голем дел од градинките во Штип се реконструирани и се енергетски ефикасни, со што се штеди електрична енергија. вдј/вј/

Остани поврзан