Штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ потпиша договор за соработка со Универзитетот „Хамболт“ од Калифорнија
- Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип од денеска ја проширува меѓународната соработка со универзитет од Калифорнија. По тој повод беше потпишан договор за меѓународна соработка помеѓу Универзитетот „Гоце Делчев" и Универзитетот „Хамболт“ од Калифорнија.
Штип, 30 мај 2025 (МИА) - Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип од денеска ја проширува меѓународната соработка со универзитет од Калифорнија. По тој повод беше потпишан договор за меѓународна соработка помеѓу Универзитетот „Гоце Делчев" и Универзитетот „Хамболт“ од Калифорнија.
Љубен Тевдовски од Институт за историја и археологија на УГД-Штип рече соработката која започна минатата година со заеднички археолошки проекти, се продлабочува и добива пошироки рамки во областа на општествените и хуманистичките науки. Во рамки на новите активности, веќе се работи на иницијативи што ќе овозможат вклучување на повеќе оддели од двата универзитета, а за наредниот семестар се најавува и официјална посета од страна на раководството на калифорнискиот универзитет.

-Особено задоволство ни е дека она што минатата година го започнавме со Универзитетот од Калифорнија, како соработка од делот на археологијата и промоцијата на македонското културно наследство. Секако продолжуваме во пошироката област на општествените и хуманистички науки. Се очекува дека оваа соработка ќе доведе кон целосна соработка на УГД со универзитетите од Калифорнија. Во текот на наредниот семестар ќе дојде директорот на Универзитетот или ректор ние велиме од Калифорнија, со што би се проширила сорабтока во сите оддели. Многу се радуваме дека овој Калифорниски Универзитет и истражувачите од целиот свет, помогнаа многу за афирмацијата на Македонија и македонскиото културно наследство, рече Тевдовски
Николас Ангелов професор на универзитетот од Калифорнија изјави дека оваа соработка е доста важна за Македонија. Тој посочи дека соработката ќе се придонесе за развој на археологијата во регионот.Настанот се одржа во ректоратот на УГД-Штип, а на истоиот присуствуваа претставниците на двата универзитета.вдј/свс/
Фото: МИА