Штипската населба Сењак доби ново игралиште
- Штипската населба Сењак доби ново мултифункционално игралиште, кое е во дворот на Општипско основно училиште „Димитар Влахов“. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека во него има терени за мал фудбал, кошарка, како и детски реквизити.
Штип, 30 декември 2023 (МИА) - Штипската населба Сењак доби ново мултифункционално игралиште, кое е во дворот на Општипско основно училиште „Димитар Влахов“. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека во него има терени за мал фудбал, кошарка, како и детски реквизити.
-Прекрасна е глетката, затоа што најмладите, дечињата, учениците од ООУ „Димитар Влахов“ ќе ги користат овие спортски терени, коишто се за мал фудбал со вештачка трева, кошарка со тартан подлога, но и детски реквизити, детско катче кое исто така е со соодветна тартан подлога. Целосно е оградено, осветлено и може да се користи и во вечерните часови, вели Јорданов.
Директорката на ООУ„Димитар Влахов“, Невенка Величкова, посочи дека игралиштето е од полза на училиштето, а е дополнување на спортската сала. Сепак, она што е важно, вели таа, е дека учениците мора сериозно да ја сфатат својата обврска да го чуваат она што е направено.
-Се надевам дека учениците ги препознаваат своите права и дека имаат право да ги користат овие спортски терени, меѓутоа секое право повлекува и своја одговорност, а тоа значи дека тие треба да бидат одоговорни за да може да ги зачуваат и да може што подолго да ги користиме истите во наредниот период. Би сакала да изразам огромна благодарност за препознавање на потребата на училиштето, успешната реализација и се надеваме на мошне успешни соработки, рече Величкова.
Отворање на спортски терени имаше во повеќе населби низ Штип. Игралиштето во ООУ „Димитар Влахов“ е инвестиција вредна околу четири милиони денари. вдј/дма/
Фото: Општина Штип