• среда, 25 декември 2024

Штипската депонија гори, несовесен граѓанин запалил гуми и моторно масло

Штипската депонија гори, несовесен граѓанин запалил гуми и моторно масло
Штип, 18 јули 2022 (МИА) - Гори депонијата „Трештана Скала“ во близина на Штип. Сив чад, но и пламен гледаат граѓаните од повисоките населби на  градот Штип. Пожарникарите се на терен и го гаснат огнот. Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека повикот го добиле околу 14 часот. -Веднаш на терен излегоа осум пожарникари со три возила. Пожарот се уште не е ликвидиран. Од она што го кажуваат пожарникарите на лице место затекнале моторно улје и гуми, кои биле запалени, вели Коцев. Ова не е првпат штипската депонија да се пали од несовесни граѓани. Минатиот месец имаше и инспекциски надзор од страна на инспекторите на Државниот инспекторат за животна средина, кои на раководството на ЈП „Исар“-Штип дадоа и рокови за санирање на одредени недоследности кои ги затекнале на лице место. вдј/аа/

Остани поврзан