• петок, 08 ноември 2024

Штетите од поплавите во Словенија во август се проценуваат на 9,9 милијарди евра

Штетите од поплавите во Словенија во август се проценуваат на 9,9 милијарди евра

Љубљана, 4 октомври 2023 (МИА) – Словенечката Влада излезе со проценка дека директните штети од поплавите во август и нивните последици за луѓето, бизнисите и животната средина изнесува 9,9 милијарди евра, јави агенцијата СТА.

Поплавите зафатија 183 од 212 општини во земјата, а површината на погодената област се проценува на 17.203 квадратни километри или 85 отсто од територијата на земјата.

-Претставената проценка ги опфаќа сите аспекти на природната катастрофа, вклучувајќи ги и напорите за обезбедување алтернативи на погодените згради, расчистување на речните корита, обновување на инфраструктурата, заштита и обновување на местата на културното наследство, како и отстранување и управување со отпадот, изјави денеска министерот за регионален развој Александар Јевшек , откако проценката беше разгледана од владата, пренесе  интернет страницата „Словенија тајмс“.

Проценката игра клучна улога во подготовката на пријавата за надомест на штети од Фондот за солидарност на ЕУ.

-Барањето за помош секако ќе го поднесеме пред истекот на рокот, односно  до 27 октомври, кажа министерот Јевшек.

Поплавите предизвикани од обилните дождови во август, словенечкиот премиер Роберт Голоб ги опиша како најголема природна катастрофа во последните 30 години. сд/

Остани поврзан