• понеделник, 23 декември 2024

Штајнмаер и Шолц: Напаѓачот во Солинген мора брзо да биде уапсен и казнет

Штајнмаер и Шолц: Напаѓачот во Солинген мора брзо да биде уапсен и казнет

Берлин, 24 август 2024 (МИА) - Претседателот и канцеларот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер и Олаф Шолц денеска изјавија дека напаѓачот кој уби три лица и рани осум во Солинген, на западот на земјата, мора наскоро да биде уапсен и најостро казнет.

Во телефонски разговор со градоначалникот на Солинген, Тим Курцбах, Штајнмаер изразил сочувство за жртвите од нападот и изразил надеж за брзо закрепнување на повредените, соопшти кабинетот на претседателот.

Шолц на платформата „Икс“ напиша дека е шокиран поради нападот во Солинген, наведувајќи дека станува збор за ужасен чин. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан