Шри Ланка избира претседател, со економската иднина на земјата во фокус
- Милиони жители на Шри Ланка денеска излегуваат на гласање за да изберат претседател чија задача ќе биде да го поттикне кревкото економско закрепнување на јужноазиската земја по нејзината најголема финансиска криза во последните децении.
Коломбо, 21 септември 2024 (МИА) - Милиони жители на Шри Ланка денеска излегуваат на гласање за да изберат претседател чија задача ќе биде да го поттикне кревкото економско закрепнување на јужноазиската земја по нејзината најголема финансиска криза во последните децении.
Повеќе од 17 милиони од вкупно 22 милиони жители на Шри Ланка имаат право да гласаат на претседателските избори, на кои се очекува „тесна трка“ меѓу актуелниот претседател Ранил Викремесинге, главниот опозициски лидер Саџит Премадаса и марксистичката кандидатка Анура Кумара Дисанајаке. Според резултатите од последната анкета, Дисанајаке е во водство.
Избирачките места се отворени од 7:00 до 16:00 часот, а изборната комисија треба да го објави победникот утре. Повеќе од 13.000 избирачки места беа отворени низ целата земја, а 250.000 државни службеници беа распоредени да управуваат со изборите.
Ова се први избори откако економијата на Шри Ланка падна во 2022 година, откако поради големиот недостиг на девизи, островската држава во Индискиот Океан не можеше да плати за увоз на основни стоки, вклучувајќи гориво, лекови и гас. мс/
фото: ЕПА