• петок, 26 јули 2024

Шредер од утре ќе почне да тренира со Лејкерси

Шредер од утре ќе почне да тренира со Лејкерси
Лос Анџелес, 9 октомври 2022 (МИА) – Повратникот во Лос Анџелес лејкерс, Денис Шредер, отпатува во Лос Анџелес за да ги помине медицинските прегледи во текот на викендот,објави известувачот на „ESPN“, Дејв Мекменамин. Според тренерот Дарвин Хем, Шредер ќе може целосно да се ангажира во понеделник по патувањето на тимот на гостинскиот претсезонски натпревар против Голден Стејт. Шредер потпиша минимален договор со Лејкерси во септември по успешните настапи на Евробаскет 2022 година. Минатата сезона Шредер настапуваше за Хјустон, а претходно беше играч на Бостон, Лејкерс, Оклахома и Атланта. зс/

Остани поврзан