• петок, 27 декември 2024

„Шпигел“: Русија гради нова голема воена база на Крим

„Шпигел“: Русија гради нова голема воена база на Крим
Берлин, 19 април 2021 (МИА) - Русија распоредува десетици илјади војници на границата со Украина. Сателитски снимки покажуваат како на полуостровот Крим се појавила огромна воена база, пишува германскиот весник „Шпигел“. Весникот прецизира дека воениот објект е „подигнат“ во источниот дел на полуостровот, на околу 30 километри од селото Марфовка. Сателитските снимки, кои му се достапни на „Шпигел“, покажуваат дека таа област била празна на 15 март. Од 2 април таму е забележано распоредување на војници и воена опрема. На 13 април, веќе можело да се видат изградени објекти и акумулирање на значителни воени ресурси. Фотографии од изминатите недели на социјалните мрежи покажуваат дека ракетна опрема и тенкови се пренесуваат преку Кримскиот мост. Освен на Крим, Русија префрла и гради времен воен камп во близина на Воронеж. Таму се концентрирани тенкови и камиони, истакна Руслан Левиев, аналитичар од организацијата Conflict Intelligence Team. Тој посочува дека тоа е најголема акумулација на руска воена моќ на границата со Украина од 2014 година. гт/

Остани поврзан