• вторник, 24 декември 2024

Шпан: ЕК да ја прошири нарачката на вакцини за 2022/23 година на уште четири компании

Шпан: ЕК да ја прошири нарачката на вакцини за 2022/23 година на уште четири компании
Берлин, 11 мај 2021 (МИА) - Германскиот министер за здравство Јенс Шпан ја повика Европската комисија да ја прошири нарачката на вакцини за 2022/23 година на уште најмалку четири компании. Во писмото што Шпан го испрати до ЕК, изразува длабоко убедување дека е неизбежно планот за набавка на вакцини да се продолжи до 2022/23 година, како и дека треба да се нарачаат вакцини на разни компании направени со употреба на различни технологии. „Во врска со ова, две вакцини и уште најмалку две други технологии треба да бидат вклучени во нарачките на ЕУ. Искрено се надевам дека ќе го поддржите овој предлог“, стои во писмото на Шпан. паг/

Остани поврзан