• петок, 20 декември 2024

Шпанскиот крал Фелипе му го врачи мандатот за формирање влада на лидерот на конзервативците, Алберто Нунес Феихо

Шпанскиот крал Фелипе му го врачи мандатот за формирање влада на лидерот на конзервативците,  Алберто Нунес Феихо

Мадрид, 22 август 2023 (МИА) - Шпанскиот крал Фелипе Шести му го врачи мандатот за формирање влада на лидерот на конзервативната Народна партија (НП), Алберто Нунес Феихо.

Монархот, кој е шеф на шпанската држава, ја донел одлуката по консултациите со претставниците на политичките сили кои најдоа место во Парламентот по изборите на 23 јули, кои не дадоа јасен победник.

Феихо сега мора предлогот за составот на Владата да го достави до Парламентот за да добие доверба од Законодавниот дом.

На парламентарните избори НП беше партијата која собра најмногу гласови. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан