• понеделник, 23 декември 2024

Шпанската министерка за енергетика, Тереза Рибера, ќе ја предводи листата на социјалистите за европските избори во јуни

Шпанската министерка за енергетика, Тереза Рибера,  ќе ја предводи листата на социјалистите за европските избори во јуни

Мадрид, 24 април 2024 (МИА) - Шпанската министерка за енергетика и животна средина Тереза ​​Рибера, ќе ја предводи листата на кандидати предложени од Шпанската социјалистичка работничка партија на премиерот Педро Санчез за изборите за Европскиот парламент во јуни, соопштија денеска од партијата, цитирана од британските медиуми. 

Со ова, таа најверојатно ќе биде и кандидатот на Санчез за нов еврокомесар.

Рибера ќе се соочи со кампања во која европските социјалисти се обидуваат да ги задржат своите позиции во услови на заживување на десничарските партии и додека „зелената“ програма во Европската унија се соочува со отпор. сд/

фото:Википедија

Остани поврзан