• вторник, 24 декември 2024

Шпанија: 1.833 новозаразени, трипати повеќе од јулскиот просек

Шпанија: 1.833 новозаразени, трипати повеќе од јулскиот просек
Мадрид, 17 август 2020 (МИА) - Шпанија регистрираше 1.833 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, соопшти денеска Министерството за здравство, што е под пост-карантинскиот рекорд од 2.987 во петокот, но над три пати повеќе од јулискиот просек. Дневните статистики за инфекции се помали во понеделник поради помалку дијагностицирани во недела. Кумулативни случаи, кои вклучуваат резултати од тестови на антитела на пациенти кои можеби се веќе оздравеле, се искачија на 359.082, со 32.389 откриени во последните седум дена, соопшти Министерството. ссм/

Остани поврзан