Шпанија ја освои Лигата на нации
- Репрезентацијата на Шпанија вечерва во Ротердам во финалето на Лигата на нации ја победија Хрватска со 5:4 по изведување пенали.

Ротердам, 18 јуни 2023 (МИА) – Репрезентацијата на Шпанија вечерва во Ротердам во финалето на Лигата на нации ја победија Хрватска со 5:4 по изведување пенали.
По основните 90 и дополнителните 30 минути резултатот беше нерешен 0:0.
Шпанците победија во пенал-рулетот со 5:4. Шпанскиот голман Унаи Симон ги одбрани ударите на Мајер во четвртата и на Петковиќ во шестата серија. Лапорт не погоди во петтата серија за победничкиот тим.
Ова е трето издание на фудбалската Лига на нации. Во претходните две шампионскиот трофеј во најквалитетната, А-дивизија ги освоија Португалија и Франција. зс/
Фото: ЕПА