• вторник, 19 ноември 2024

Шпанија прв пат европски шампион во ватерполо

Шпанија прв пат европски шампион во ватерполо

Загреб, 16 јануари 2024 (МИА) – Ватерполо репрезентацијата на Шпанија за прв пат во историјата го освои шампионскиот трофеј на Европско првенство. Вечерва во Загреб, пред повеќе од 2.000 гледачи, Шпанците го совладаа домаќинот на првенството, Хрватска со 11:10. 

Клучна за победата на Шпанија беше последната четвртина. Тоа беа осум минути во кои гостите постигнаа три гола, а Хрватите ниту еден и негативата од 8:10 по 24 минути игра, на крајот ја претворија во победа.

Хрватска пропушти по трет пат да се најде на европскиот трон и ќе мора да се задоволи со сребрениот медал.

Бронзениот медал и третото место и припадна на селекцијата на Италија која со 12:7 во малото финале ја победи Унгарија.

Покрај златниот медал и шампионскиот трофеј, репрезентацијата на Шпанија со триумфот на континенталниот собир си обезбеди учество на Олимписките игри во Париз кои ќе се одржат годинава. зс/

Фото: Фејсбук EWPCh 2024

Остани поврзан