• сабота, 21 февруари 2026

Шпанија побара од ЕУ да ги укине санкциите за привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез

Шпанија побара од ЕУ да ги укине санкциите за привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез

Мадрид, 20 февруари 2026 (МИА) - Официјален Мадрид побара од Европската Унија да ги укине санкциите врз привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, по усвојувањето на законот за амнестија, што е „чекор во вистинската насока“ - изјави шефот на шпанската дипломатија, Хозе Мануел Алварез, цитиран од француските медиуми.

- Официјално ќе побараме од Европската Унија да ги укине санкциите наметнати врз Делси Родригез бидејќи ЕУ треба да испрати сигнал - сигнал дека се движиме во вистинската насока во оваа нова фаза - изјави Алварез во Барселона.

Според министерот, новиотзакон за амнестија, усвоен вчера од Националното собрание на Венецуела, е „многу добра вест“.сд/мс/

Фото:МИА архива

Остани поврзан